Дома Фудбал Англија Ширер кон Лукаку: Јас го одбив најголемиот клуб во светот! (Фото)

Ширер кон Лукаку: Јас го одбив најголемиот клуб во светот! (Фото)

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку го напушти Евертон и својата кариера одлучи да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Иако во последно време во англиските медиуми се пишуваше дека Ромелу Лукаку е на чекор од враќање во Челзи, на крајот во трката се вклучи Манчестер Јунајтед и го доведе Белгиецот. Лукаку пристигна како замена за Златан Ибрахимовиќ и не го криеше своето воодушевување што кариерата ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Во своето прво интервју како играч на Јунајтед изјави дека едноставно не можел да ја одби понудата од „црвените ѓаволи“ бидејќи за него Јунајтед претставува најголемиот клуб во светот. Белгиецот едноставно запраша: „Кој би кажал не, на најголемиот клуб во светот“? Набрзо потоа на овој коментар возврати Алан Ширер.

„Јас го направив тоа. Ја одбив….Барселона“, напиша поранешниот напаѓач на Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Белгија соопшти добри вести за навивачите

Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско вечерва изјави дека бекот Том Мен…