Дома Фудбал Репрезентации „Швајцарија има подобар селектор и подобри фудбалери од Србија“

„Швајцарија има подобар селектор и подобри фудбалери од Србија“

Натпреварот кој веројатно привлекува најголемо внимание во третото коло од групната фаза на Мундијалот се игра и последен, а се среќаваат Србија и Швајцарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Србија потребна и е победа за пласман во следната фаза, додека на Швајцарија и одговореа и реми. Пред овој натпревар се огласи долгогодишниот репрезентативец на Швајцарците, Стефан Лихтшајнер.

Лихтштајнер смета дека Швајцарија има и подобри фудбалери и подобар селектор од Србија.

„Не се сомневам, Швајцарија е подобра од Србија, има подобар селектор и подобри фудбалери. Натпреварот ќе се решава на психолошки план, а тука ја гледам нашатаљ предност.

Ризично е да одите на реми, но би било лошо да се залетаме од првата минута. Верувам во нашиот селектор, Мурат Јакин, тој е паметен тренер и знае да ја постави играта“, изјави Лихтштајнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанија прими гол за паметење

Шпанија игра со Ирак во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство, а по …