Дома Фудбал Лига на шампиони Чудна ситуација: Италијанците жестоко го критикуваат, а УЕФА го избра за најдобар

Чудна ситуација: Италијанците жестоко го критикуваат, а УЕФА го избра за најдобар

Рафаел Леао доби големи критики во италијанските медиуми по натпреварот против Њукасл.

На Леао најмногу му се замеруваше за одличната прилика која ја упропасти во првото полувреме сакајќи да постигне гол со пета. Но, УЕФА изненадувачки го избра за играч на натпреварот.

Во образложението по натпреварот се наведува дека Леао бил брз, силен и имал добри движења и претставувал констатна закана во шеснаесетникот.

Но, додека УЕФА го фали, Италија жестоко го критикува. Италијанските медиуми го оценија со најслаба оценка.

Според „Газета“ доби оценка 4.5, „Кориере“ го оцени со 5, а „Тутоспорт“ со 5.5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тоа што се случи во соблекувалната ја заврши кариерата на Алварез во Атлетико!

Хулијан Алварез помина низ вистинска тортура од навивачите на Атлетико Мадрид. Добиваше са…