Дома Фудбал Останато Чудна изјава на Руни: За него Ферги не е најдобар менаџер на Манчестер Јунајтед?

Чудна изјава на Руни: За него Ферги не е најдобар менаџер на Манчестер Јунајтед?

0

Прилично чудно размислување на легендарниот напаѓач.

Легендарниот напаѓач на Вејн Руни своите најдобри денови во кариерата ги помина под водство на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед и тоа е добро познато.

Англискиот фудбалер девет години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед под команда на Сер Алекс. Освои многу трофеи, но верувале или не за него големиот Ферги не е најдобриот менаџер со кој соработувал на „Олд Трафорд“.

„Ван Гал беше најдобар ако гледаме од тактички аспект. Донесе дефанзивна рамнотежа и секој ја знаеше својата улога во тимот. Секогаш подеднакво добро ги извршувавме офанзивните и дефанзивните задачи. Тој освои неколку трофеи, но на крајот работите не испаднаа такви какви што очекувавме да бидат“, порача Вејн Руни.


Следете го Sportski.mk и на


Прилично чудна изјава ако се знае дека Холнаѓанецот ќе остане запаметен како некој кој не се прослави во Манчестер Јунајтед. Во Премиер лигата Ван Гал не беше ниту блиску до освојувањето на титулата. Единствениот трофеј кој успеа да го освои беше ФА Купот во 2016 година, меѓутоа само два дена после тој трофеј му беше покажана излезната врата.

Ќе потсетиме неодамна Ван Гал објави дека заминува во фудбалска пензија, а освен Манчестер Јунајтед како тренер работеше во: Ајакс, Барселона , Холандија, АЗ Алкмар и Баерн Минхен.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи – Арсенал: „Сан Паоло“ и „Сан Анчелоти“ треба да направат чудо!

Тешко е да се проценат колкави се шансите за Наполи после бледото издание на „Емирати“ и п…