Дома Тенис Чориќ го изненади Федерер и закажа финале со Ѓоковиќ

Чориќ го изненади Федерер и закажа финале со Ѓоковиќ

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ направи големо изненадување на мастерсот во Шангај и во полуфиналето го елиминира фаворизираниот Роџер Федерер.

Чориќ денеска се прикажа во исклучително добро издание и заслужено славеше над Федерер за пласман во финалето каде ќе ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ.

Хрватот клучната разлика во двата сета ја направи на идентичен начин, со брејк на отворањето на двата сета, а потоа рутински го одржуваше својот сервис за конечни 6:4, 6:4.

Досега, Ѓоковиќ и Чокиќ играа двапати, и во двата наврата славеше Србинот, оваа година во Монте Карло и минатата во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз во Виена тргнува против својата есенска слабост

Шпанецот го почнува настапот на турнирот од серијата 500 со желба да го промени неуспешнио…