Викендов стартува вториот дел од сезоната во македонската прва лига и тој стартува со „вечното дерби“.
Дуелот Вардар – Пелистер секогаш носи посебни емоции, а тоа го докажаа и навивачите на двете екипи. Пред некој ден „Комити“ ги мотивираа вардарци на стартот од подготовките, додека денес под „Тумбе Кафе“ беа изненадени играчите на Пелистер.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Од трибините пулените на Капинковски добија и јасна порака: И наредната сезона Пелистер во прва лига!
Познато е во каква ситуација е Вардар, па затоа е Пелистер е фаворит. Натпреварот се игра во недела на арената „Тодор Проески“ со почеток од 14:00 часот.