Тимот на Арсенал има одлична сезона во која до самиот крај се бореше за титулата во Премиер лигата, но сепак таа заврши кај Манчестер Сити. Меѓутоа во Арсенал веќе размислуваат и за следната сезона.
Според голем број медиуми на Островот, Арсенал размислува да се ослободи од триото Томаш Парти, Фабио Виеира и Габриел Жесус. Арсенал за овие играчи не потроши премногу. Виера и Жесус пристигнаа летото 2022 година за 35 и 52 милиони евра, додека Парти во 2020 година за 50 милиони евра.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Иако Парти на крајот од сезоната се врати помеѓу стандардните, Артета смета дека му треба поквалитетен последен играч за врска заедно со Рајс и Одегард, а негова цел е Мартин Зубименди чија откупна клаузула во Реал Сосиедад е 60 милиони евра.
Виеира не играше оваа сезона, главно влегува од клупата и не е неочекувано Арсенал да сака да заработи од него.
Жесус кој зад себе има променлива сезона, иако призна дека веќе подолго време игра со постојани болки во коленото. Артета сака поефикасен голгетер, а најголема желба му е Александар Исак, иако се споменуваат и Виктор Ѓекереш и Бенџамин Шешко.
Се на се, Арсенал е подготвен да ги продаде споменатите играчи и се надева дека ќе ги врати вложените речиси 140 милиони евра, за потоа да ги вложи во нови имиња.