Дома Фудбал Останато Чешки милијардер сака да ја купи Рома!

Чешки милијардер сака да ја купи Рома!

Чешки бизнисмен покажува сериозен интерес да го купи италијанскиот клуб Рома, кој е во сопственост на американскиот бизнисмен Џејмс Палота, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за чешкиот милијардер Даниел Кретински чие богатство е провенето на 2,2 милијарди евра.

43-годишниот Кретински е голем љубител на фудбалот и пред неколку дена испратил понуда од 600 милиони евра за Милан, но истата била одбиена.

Сопственикот на Спарта Прага сега се насочил кон Рома и е спремен да испрати понуда, но претседателот Палота нема намера во моментив да го продава клубот.

„Волчицата“ веќе подолго време се обидува да изгради свој стадион, а доколку тоа се случи во наредните години вредноста на клубот ќе се зголеми повеќекратно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фаворитот Шпанија се посрамоти против Зеленортските Острови

Првото големо изненадување на Светското првенство 2026 е факт! Европскиот шампион Шпанија,…