Дома Фудбал Останато Чеферин јасен: Во Европа ќе играат само европски клубови, парите на Саудиска Арабија не се закана

Чеферин јасен: Во Европа ќе играат само европски клубови, парите на Саудиска Арабија не се закана

Првиот човек на УЕФА јавно и гласно порача дека клубовите од Саудиска Арабија нема да играат во европските фудбалски натпреварувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претходно се појавија шпекулации во јавноста дека УЕФА размислува да дозволи шампионот на Саудиска Арабија да игра во Лигата на шампионите, сепак Чеферин сега беше јасен.

„Во европските натпреварувања играат и понатаму ќе играат само клубови во Европа, тоа нема да се промени. Според мене парите од Саудиска Арабија не се закана за европскиот фудбал. Слични примери имавме и порано. Фудбалерите заминуваа во Кина за големи понуди, но кинескиот фудбал не напредуваше, тоа не е вистински и правилен пристап.

Колку што знам јас Мбапе и Халанд не сонуваат за Саудиска Арабија. Ќе повторам не сметам дека Саудиска Арабија го загрозува квалитетот на нашите натпреварувања“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија во Франција: Фудбалер скокнал во вода и се удавил!

Од Франција пристигна трагична вест. Младиот фудбалер на Гингамп, Кензо Кис, е во состојба…