Дома Фудбал Чеферин: Можно е натпревари од ЛШ да се играат во САД

Чеферин: Можно е натпревари од ЛШ да се играат во САД

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин потврди дека наскоро би можело натпревари од Лигата на шампиони да се играат во САД.

„Да, можно е, почнавме да разговараме за тоа. Финалето во 2025 година ќе се игра во Минхен, а потоа ќе видиме“, потврди Чеферин.

„Фудбалот е исклучително популарен во САД. Американците се подготвени да платат големи суми за најдоброто од фудбалот. Ќе го следат европскиот фудбал како што европските љубители на кошарката ја следат НБА“, додаде Чеферин, кој истакна дека САД се „перспективен пазар на иднината“.

Финалето во ЛШ за 2024 година го доби лондонски „Вембли“, а во 2025 година ќе се игра во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи притиска за Скот: Борнмут бара повеќе од 100 милиони фунти!

Лондонскиот клуб ги обновил разговорите за Алекс Скот и верува дека може да го доведе во ј…