Дома Фудбал Лига на шампиони Чеферин ги откри можните сценарија ЛШ и ЛЕ: Можно е и сезонава повеќе да нема европски фудбал!

Чеферин ги откри можните сценарија ЛШ и ЛЕ: Можно е и сезонава повеќе да нема европски фудбал!

Aлександар Чеферин, претседателот на УЕФА објави неколку сценарио за завршувањето на фудбалската сезона во Европа.

Словенецот за германската телевизија „ЗДФ“ зборуваше за тоа како би можеле да се завршат Лигата на шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2019/2020. Чеферин откри дека една од опциите сезоната воопшто да не заврши.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Разгледуваме неколку опции за завршување ЛЕ и ЛШ, планирано е последниот натпревар, односно финалето да се одигра најдоцна до 3. август. Ако не можеме да завршиме до тогаш опција е и воопшто да не играме“, изјави Чеферин.

Можните модели кои би можеле да се користат за да се заврши сезоната.

„Можеме да играме во постоечкиот нокаут систем до крајот, но со оглед на тоа дека ова е вонредна ситуација мораме да бидеме и флексибилни. Така натпреваирте од ЛЕ и ЛШ би можеле да се играат во ист ден со националните првенства, дури и во исто време бидејќи време и термини немаме. Ја разгледуваме опцијата до крајот да се игра и само еден натпревар на наутрален терен или домаќинот да се одреди со ждреб“, објасни Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …