Македонските ракометари стартуваа со подоготвките со кои ќе ги започнат квалификациите за пласман на ЕП во Хрватска во 2018 година. Македонија во квалификациската група на 2-ри и 5-ти ноември ќе игра против Украина во Скопје, а потоа ќе гостува во Чешка.
„Репрезентацијата ќе направи се што е во нејзина моќ овој квалификациски циклус да го завршиме со пласман на Европското првенство. Ќе дадеме се од себе да ја исполниме задачата и да ги одиграме добро тие две први средби. Решив да одиме чекор по чекор, значи најпрвин ќе размислуваме само за Украина и нема да правиме никакви комбинации, тоа и ќе го побарам од играчите, 100-отсто да се сконцентрираат на тој меч“, истакна Червар.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Предводникот на Македонија веќе ја анализирал играта на Украина, а во наредните два дена, откако ќе биде објавен нивниот спискок од 16 играчи кои ќе играат против Македонија, ќе претстојат и дополнителни анализи на противникот.
„Украина може да биде многу незгоден противник противник доколку пристапот против нив не биде вистински. Значи дека ние треба да се бориме за секоја топка, за секој сантиметар од теренот. Ако има страст во нашата игра, ако го оставиме срцето на теренот, тогаш можеме да размислуваме за позитивен резултат. Доколку тоа не го не го направиме Украина ќе биде незгоден противник. Никако не треба да мислиме дека Украина ќе биде лесен противник“, заклучи селекторот.