Во рамките од Премиер лигата денес во терминот од 16:00 часот беа одиграни четири натпревари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тимот на Челзи беше изненаден од Бурнемоут на домашен терен. Гостите до изненадувачката победа стигнаа со голот на Гослинг на шест минути пред крајот. Челзи беше подобар противник и имаше иницијатива скоро во текот на целиот натпревар, но на крајот сепак „сините“ останаа со празни раце.
⚽️ Chelsea vs Bournemouth | Gosling (GOAL!!!) 84' #CHEBOU pic.twitter.com/zVsv9YNkEE
— D9INE (@D9INE_CHAMPION_) December 14, 2019
Лестер кој беше во серија од осум победи во низа денес не го победи Норвич кој е во долниот дел на табелата. „Лисиците“ беа во налет и се очекуваше нивни триумф, меѓутоа сепак Норвич си замина со бод од „Кинг Пауер“. Пуки ги доведе гостите во водство, додека Крул си постигна автогол со кој ги постави конечните 1:1.
Во останатите два натпревари Шефилд ја победи Астон Вила со 2:0 и Барнли беше подобар од Њуксал со 1:0.