Дома Трансфер зона Челзи спреми 60 милиони за ѕвездата на Милан

Челзи спреми 60 милиони за ѕвездата на Милан


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на Челзи, пренесуваат италијанските медиуми.

„Сините“ планираат да испратат понуда за 24-годишниот дефанзивец, кој игра одлично во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. 

Милан го купи Хернандес од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрите партии на „Сан Сиро“.

Челзи е во потрага по лев бек после повредата на Чилвел и испратил понуда од 60 милиони евра за Французинот.

Последните информации од Италија се дека Тео Хернандес и Милан ја одбиле понудата бидејќи наскоро ќе ја продолжат соработката до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување: Рамос се враќа во Ла Лига?

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Серхио Рамос го напушти Пари Сен Жермен по две годи…