Дома Трансфер зона Челзи не прстанува, потврди уште еден трансфер

Челзи не прстанува, потврди уште еден трансфер

Челзи го објави трансферот на 19-годишниот дефанзивец Арон Анселмино, кој доаѓа од Бока Јуниорс за 15,6 милиони фунти. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анселмино е централен дефанзивец, но може да игра и во средниот ред. Тој е во првиот тим на Бока во летото 2023 година, со 10 настапи и еден гол досега покажа дека е извонреден талент.

Челзи ја доби битката за неговиот потпис и Аргентинецот потпиша седумгодишен договор со „сините“.

Младиот Анселмино останува следната сезона во Бока Јуниорс како позајмен фудбалер, а потоа ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Аргентинецот е деветтото засилување на Челзи ова лето, по Кирнан Девсбери Хол, Марк Гиу, Омари Келиман, Тосин Адарабијо, Ренато Веига, Калеб Вајли, Естевао Вилијан и Филип Јоргенсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…