Како што тврдат англиските медиуми, Антонио Конте ќе доведе еден од овие три напаѓачи.
Работите се јасни, Италијанецот сака резервен напаѓач кој би бил резерва на Алваро Мората.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Прва желба е Енди Керол од Вест Хем. Конте смета дека му е потребен токму таков „разбивач“ кој би влегувал од клупата и би го менувал Мората во важните натпревари. Планот на Челзи е да го доведе Керол на позајмица, но од Вест Нехм одговорија дека позајмицата за нив не е опција и дека во предвид доаѓа само целосен откуп. Сепак со оглед на тоа дека Керол не е во прв план кај Дејвид Мојс можеби и би можеле да пронајдат заеднички јазик.
Втора опција се Бентеке или Боакје. Белгиецот од Кристал Палас е во очајна форма оваа сезона, Рој Хоџсон нема ништо против да се ослободи, а причина за такво нешто е не говата голема плата, но мора прво да му обезбедат замена. Како што пишуваат медиуми тие чекаат одговор од Кум Бабакар за да му дадат зелено светло на Бентеке.
Рајмонд Бокје е фудбалерот кој го посакува Конте. Италијанецот го познава од времето кога го доведе во Јувентус. Конте очигледно го следел развојот на кариерата на младиот фудбалер и ренесансата која ја доживеа во Црвена Звезда каде што прикажува одлични настапи. Покрај тоа Боакје сигурно би бил поефитина опција од Бентке и Керол.