Дома Фудбал Челзи и Бенфика се пласираа во четвртфинале🎥

Челзи и Бенфика се пласираа во четвртфинале🎥

Челзи и Бенфика се првите четвртфиналисти во Лигата на шампиони откако вечерва ги елиминираа Борусија Дортмунд односно Бриж.

Челзи успеа да ја елиминира негативата од првиот меч и вечерва славеше над Борусија Дортмунд со 2:0

„Сините“ од самиот старт тргнаа фуриозно и создаваа шанси. Најпрво Хаверц ја погоди стативата, а потоа му беше поништен гол поради милиметарски офсајд.

Во 44-та минута Челзи конечно ја материјализираше надмоќта на теренот со голот на Стерлинг, резултат со кој се замина на одмор.

На самиот старт на второто полувреме судијата досуди пенал за Челзи, а прецизен од втор обид беше Хаверц за 2:0.

Потоа Борусија се обиде да постигне гол и да го одведе мечот во продолженија, но најголемата шанса ја промаши Белингам во 65-та минута.

Бенфика запиша уште една висока победа од 5:1 над Клуб Бриж во Лисабон и со конечни 7:1 се пласира во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем пред црна серија каква што не памети, Де Зерби бара одговор кај Челси

Само една победа на последните 36 лигашки гостувања на „Стемфорд бриџ“ и шест порази по ре…