
Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесуваат медиумите на Островот.




Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља.




„Сините“ на лето готово сигурно ќе останат без Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец, а Матијас де Лихт ќе биде основна трансфер цел.




Холанѓанецот сака да ја промени средината и Јувентус е спремен да го продаде за 65 милиони евра.
Челзи е спремен да ја плати таа сума и веќе почна да работи на трансферот бидејќи сака да ја победи конкуренцијата.