Дома Фудбал Челзи декласиран од Шефилд, ЛШ под знак прашалник (видео)

Челзи декласиран од Шефилд, ЛШ под знак прашалник (видео)

Тимот на Челзи доживеа тежок пораз на гостувањето кај Шефилд Јунајтед (3:0) и си ја доведе во прашање позицијата во Топ 4.

Избраниците на Лампард од самиот старт делуваа конфузно, а тоа знаеа да го искористат домаќините.

Херој на домаќините беше Дејвид Мекголдрик кој беше автор на два погодоци, додека Мекбрн стави точка на мечот во второто полувреме.

Челзи останува на 3-то место на табелата, но после овој пораз Лестер и Манчестер Јунајтед имаат шанса да го поминат на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кровиновиќ замина во Бразил, а Гремио сега стравува од испаѓање

Шест кола пред крајот, бразилскиот великан е под линијата за опстанок. Поранешниот играч н…