Дома Топ вести Челзи го нуди Канте и пари за Асенсио

Челзи го нуди Канте и пари за Асенсио

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио е главна трансфер цел на Челзи, пренесува „Дон Балон“.

Раководството на „сините“ го сака еден од најталентираните млади фудбалери во Европа и нема да жали пари да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Според информациите на „Дон Балон“, Челзи е спремен на „кралскиот“ клуб да му го понуди Нголо Канте и одредена сума пари за потписот на Асенсио.

22-годишниот Асенсио во 2013 година пристигна во Мадрид и веднаш ја покажа својата класа. Тој стана миленик на навивачите, а раководството во него гледа како иден столб на тимот.

Поради тоа тешко е да се поверува дека „кралевите“ ќе ја прифатат понудата и покрај фактот што Зидан е симпатизер на играта на Канте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП🎥

На натпреварот помеѓу Италија и Албанија беше испишана историја на европските првенства. И…