Дома Фудбал Англија „Чеканите“ се вклучуваат во жестоката битка каде се Челзи и Милан?!

„Чеканите“ се вклучуваат во жестоката битка каде се Челзи и Милан?!

Вест Хем е баш активен во овој преоден рок, а Мануел Пелегрини создава фантастичен тим.

Челзи има огромни проблеми да донесе играчи, освен Жоржињо кого го украдоа од Сити пред нос, никако некој да пристигне во Лондон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кај Вест Хем пак, е поинаку, нивните навивачи се презадоволни како нивниот тим работи за време на преодниот рок. Јасно е дека имаат менаџер кој е способен да постигне успех и да ја изненади конкуренцијата, во суштина, тоа веќе го направи во Малага и Виљареал, па навивачите на „Чеканите“ се надеваат на слично сценарио.

Вест Хем сака да влезе во трката за Бернард, но јасно е дека тоа нема да биде лесна задача, бидејќи го посакуваат бројни екипи, а најголемите меѓу нив се Милан и Челзи.

Тој е слободен играч и веројатно ќе го напушти Шахтјор по пет години минати во овој клуб, но токму затоа што ќе дојде без обештета, тој бара огромна плата, а се споменува цифрла и од околу 200 илјади фунти неделно, што Вест Хем никако не е во состојба да ги понуди. Се споменува дека 25-годишниот Бразилец би можел да ги намали своите барања, што на крајот веројатно и ќе се случи.

Милан надгледува што ќе направат Челзи и Вест Хем до крајот на преодниот ток, а за тимовите од Премиер лигата тој трае до 9. август, па потоа би можел да тргне во целосна офанзива да го донесе Бернард во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед избегна срам, па се пласира во финалето на ФА

Манчестер Јунајтед на драматичен начин после изведување на пенали го елининира Ковентри и …