Дома Македонски спорт Мак фудбал Чедомир Јаневски нов тренер на Беверен

Чедомир Јаневски нов тренер на Беверен

Белгискиот прволигаш Беверен, денес го промовираше македонскиот стартег Чедомир Јаневски за нов тренер.

Екс селекторот на македонската репрезентација, Јаневски на клупата на Беверен го наследи Стијн Вревен кој замина од клубот на 28-ми октомври.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Мислам дека Беверен го направи вистинскиот избор. Поставивме одредени критериуми за тоа какви квалитети треба да поседува новиот тренер. Од разговорите со кандидатите ни стана јасно дека Чедомир Јаневски најдобро се вклопува во тој профил“, изјави претседателот на Беверен, Дирк Хујк.

Јаневски голем дел од својата играчка и тренерска кариера мина во Белгија: како фудбалер настапуваше Бриж (1989-1991), Шарлероа (1991-1995) и Локерен (1996-1997), додека како тренер ги предводеше Бриж (2007), Монс (2013-2014) и Мускрон (2015-2016).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…