Дома Трансфер зона Чави им соопштил на четворица фудбалери дека можат да си бараат нови клубови

Чави им соопштил на четворица фудбалери дека можат да си бараат нови клубови

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез им порачал на четворицата фудбалери дека не смета на нивните услуги во новата сезона.

Каталонскиот клуб помина низ уште една неуспешна сезона. Барса остана без трофеј, но сите се надеваат дека следната сезона ќе биде многу поконкурентна во сите натпреварувања.

Веќе се споменуваа бројни можни засилувања, но она што е сосема јасно е дека ќе има многу заминувања од Камп Ноу. Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Чави веќе известил четворица фудбалери дека нема да смета на нив за наредната сезона.

Тренерот на каталонскиот клуб разговарал со играчите од кои сака да се ослободи, а во неговите планови не се: Оскар Мингеза, Рики Пуиг, Самуел Умтити и Мартин Брајтвејт.

Четворицата се слободни да бараат нови клубови. Можно е некои од нив да заминат на позајмица, но планот е да се обидат да ги продадат.

Исто така, дресот на Барселона следната сезона нема да го носат Адама Траоре и Лук де Јонг. Тие се враќаат во своите клубови Вулверхемптон и Севиља, а се очекува од Барселона да си замина и репрезентативецот на Босна и Херцеговина, играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ.

Од засилувањата Барселона засега ги договори Франк Кеси од Милан и Кристенсен од Челзи. Како што стојат работите ќе има големи промени во Барселона, а наредната сезона ќе видиме како ќе изгледа составот од „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе барал исфрлање на аргентинскиот „клан“ од ПСЖ!?

Во екипата на ПСЖ владее очајна атмосфера, а главен виновник за тоа е Килијан Мбапе, кој л…