Дома Трансфер зона Чави го губи трпението: Фудбалерот за кој Барса плати 58 милиони евра е пред заминување

Чави го губи трпението: Фудбалерот за кој Барса плати 58 милиони евра е пред заминување

Барселона во овој период не игра како што посакува тренерот Чави Ернандез, па поради тоа се очекува да има промени, а шпанските медиуми најавуваат дека еден од оние кои ќе си заминат е Бразилецот, Рафиња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според последните информации стратегот на Барселона го изгубил трпението со бразилскиот фудбалер и нема намера повеќе да го чека да ја врати старата форма.

Во редовите на Барселона, Рафиња пристигна од Лидс за сума од 58 милиони евра и дресот на каталонците го носеше на 68 натпревари во кои постигна 19 гола и запиша 13 асистенции.

Како можна нова дестинација на Рафиња повторно се споменува Премиер лигата и тимот на Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…