Дома Фудбал Останато Циркус во африканската ЛШ: ВАР не работеше, натпреварот се прекина, титулата доби „скандалозен“ сопственик (видео)

Циркус во африканската ЛШ: ВАР не работеше, натпреварот се прекина, титулата доби „скандалозен“ сопственик (видео)

Екипата на Есперанс де Тунис е нов шампион на Африка по победата од 1:0 против Видад Казабланка во контроверзното финале од африканската Лига на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првиот натпревар од финалето на Африканската Лига на шампиони, Казабланка и Есперанс одиграа без победник 1:1, па со вкупен резултат од 2:1, тунискиот тим дојде до четвртата титула во ова натпреварување, но натпреварот предвреме заврши поради инцидентите на гостинските фудбалери.

Спорен момент се случи во средината на второто полувреме, кога Видад постигна гол за 1-1. Судијата го поништи погодокот поради офсајд, а потоа сакаше да го употреби ВАР системот за да ја провери својата одлука.

Меѓутоа, ВАР ситемот беше расипан, па не можеше да се види спорниот момент и одлучи да остане на првичната одлука, да го поништи голот. Тоа ги разбесни мароканските фудбалери кои не сакаа да го продолжат натпреварот и заедно со тренерите почнаа да го бркаат главниот судија.

Фудбалерите на Видад цел час само стоеја на теренот. Делегатот одлучи дека натпреварот е завршен и титулата му припадна на Есперанс, иако на снимката се гледа дека голот е регуларен.

https://youtu.be/GcduUwrWNTo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…