Дома Фудбал Хрват допатува на натпревар во Белград, но не настапи поради – коронавирус!

Хрват допатува на натпревар во Белград, но не настапи поради – коронавирус!

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Лука Сучиќ го пропушти вчерашниот натпревар против Макаби Тел Авив иако допатува со тимот во Белград каде што се играше натпреварот.

Шпанскиот тим славеше победа од 2:1 во натпреварот кој поради војната во Газа се играше во Белград.

Сучиќ се најде во центарот на вниманието поради причината за која не настапи во овој дуел.

Имено, тој пред почетокот на натпреварот дознал дека е позитивен на коронавирус и морал да остане изолиран во хотелот во Белград.

Ваква ситуација потсети на перидот кога пандемијата правеше проблеми во фудбалскиот свет и многу фудбалери пропуштаа натпревари поради вакви причини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…