Дома Фудбал Хрватска останува без селектор: Далиќ доби богата понуда

Хрватска останува без селектор: Далиќ доби богата понуда

Златко Далиќ има договор со Хрватскиот фудбалски сојуз на уште две години, според кој заработува половина милион евра годишно.

Хрватскиот фудбалски сојуз наводно е подготвен да му понуди подобар договор, со кој би заработувал еден милион евра годишно и така ќе стане најплатениот хрватски селектор во историјата.

Сепак, Далиќ има понуди од Кина, каде што му нудат дури пет милиони долари годишно и соработка на три години.

Ако ја прифати понудата од Азија ќе биде најплатениот хрватски тренер во историјата, но Далиќ сака да остане да работи во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од хет-трикот во 1994 до баражот: Ѓуровски предупредува на посилен Кипар

Првиот репрезентативен хет-трик го постигна против Кипар, но Бошко Ѓуровски очекува неизве…