Дома Видео Хит остана во живот, Батлер беше сензационален

Хит остана во живот, Батлер беше сензационален

Мајами Хит остана во игра за титулата во НБА лигата. Во третиот натпревар од големото финале тимот од Флорида го победи ЛА Лејкерс со 115:104 и така намали на 2:1 во серијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хит потполно заслужено стигна до првата победа во големото финале. Имаа водство од почетокот на натпреварот, а на стартот од третата четвртина имаа и максимални +14 (68:54).

Меѓутоа, Лејкерс се врати и успеа да намали на 89:91 на стартот од последната четвртина, но Хит успеа да се врати со одлична игра во финишот и дојде до двоцифрена предност за конечни 115:104.

Натпреварот на кариерата го одигра Џими Батлер кој оствари трипл дабл со 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции.

На другата страна стандардно најдобар беше Леброн Џејмс со 25 поени и 10 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Официјално: Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА

Богдан Богдановиќ е нов член на Хјустон Рокетс. Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026…