Фудбалерите на Зета и Будва одиграа 3:3 во рамките од баражот за пополнување на Втората лига во Црна Гора и по пеналите гостите успеаа да дојдат до славјето. Интересно е што токму таков исход на двете екипи им беше потребен за двете да одат во ранг погоре.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најмногу изгуби екипата на Ибра која само со сценарио во кое овие екипи ќе одиграат 2:2 или 3:3 или некој поголем резултат со победа на Будва на пенали не одеше во повисок ранг.
Интересно е што Зета до 32. минута имаше преднст од 3:0, но до крајот Будва изедначи и така сега сите три екипи имаат по три бода во баражот, но победата на пенали и гол-разликата беа клучни Зета и Будва да се пласираат во посилна конкуренција.
На социјалните мрежи се појави и видео од една комична реакција на голманот на Зета.