Дома Кошарка Харден после само една година го напушта Бруклин?

Харден после само една година го напушта Бруклин?

После само една година откако Бруклин Нетс најави супер тим, бидејќи покрај Кајри Ирвинг и Кевин Дурант го доведоа и Џејмс Харден.

Триото сезонава никако не успева да заигра заедно. Прво Ирвинг одбиваше да се вакцинира и беше суспендиран, а потоа Дурант се повреди. Неодамна Харден изјави дека не е среќен во Бруклин, па американските медиуми најавуваат негов трејд после само една година.

Шпекулациите велдат дека Харден ќе го облече дресот на Филаделфија во размена за Бен Симонс кој за Сикерс не игра од почетокот на сезоната. Австралиецот е во лоши односи со управата и одбива да игра, доби и парична казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вилдоза: Полесно ми беше да заминам во Олимпијакос отколку да го облечам дресот на Партизан

Аргентинскиот бек објасни зошто доаѓањето во Партизан му било необично по настапите за Црв…