Дома Трансфер зона Хамес Родригез ги одби Милан и Порто за да се пресели во Катар?!

Хамес Родригез ги одби Милан и Порто за да се пресели во Катар?!

Хамес Родригез важеше за голем потенцијал, блесна на Мундијалот во 2014 година, тогаш се пресели во Реал Мадрид, меѓутоа од тој момент како да немаше напредок во кариерата.

Од Реал беше позајмен во Баерн, се врати во Мадрид, а сезоната 2019/2020 ја преседе на клупа. Тогаш дојде повикот од Евертон. На почетокот започна одлично имаше три асистенции и три гола за „карамелите“, изгледаше како да се враќа на вистинскиот пат. Но потоа до крајот на сезоната постигна само уште три гола и забележа една асистенција и го изгуби првотимскиот статус.

Со заминувањето на Карло Анчелоти и доаѓањето на Рафа Бенитез уште повеќе падна во втор план. Во текот на летото се поврзуваше со трансфер во Милан и Порто, меѓутоа Колумбиецот ги одби понуди иако стануваше јасно дека за него нема иднина на „Гудисон Парк“.

Според последните информации Хамес Родригез блиску до заминување од Евертон, а голем број медиуми пренесуваат дека договорил трансфер во арапаските земји поточно во Катар. Засега не се открива со кој клуб е во преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Толисо пред трансфер во Тотенхем

Плејмејкерот на Баерн Минхен, Корентин Толисо е блиску до трансфер во Тотенхем, пренесува …