Дома Фудбал Хамес постигна еврогол, но навивачите го разочараа 🎥

Хамес постигна еврогол, но навивачите го разочараа 🎥

Олимпијакос вчера со 5:0 славеше против Астерас во рамките од 15. коло на грчката Суперлига, а одличен во овој натпревар беше Хамес Родригез.

Се играше 35. минута кога Родригез постигна прекрасен гол со удар од далечина, а запиша и една асистенција.

Родригез испрати прекрасен удар по една кратка комбинација. До крајот Олимпијакос постигна уште три гола и дојде до убедлива победа.

Сепак, Родригез не можеше во целост да му се израдува на голот затоа што кога тргна да слави од трибините се слушаа свирежи на навивачите на Олимпијакос кои не се во најдобри односи со Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…