Дома Фудбал Халанд за новата сезона се спремал со сечење дрва

Халанд за новата сезона се спремал со сечење дрва

Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд на интересен начин се подготвува за следната сезона.

Халанд се врати во погонот на Манчестер Сити и со тимот ќе патува на турнејата во Соединетите Американски Држави.

Еден од најдобрите голгетери во светот откри како го поминал летниот одмор и како се подготвувал за новата сезона.

Халанд ова лето во Норвешка интензивно работеше на мускулатурата и тоа со цепање на дрва, планинарење и медитација на некој голем камен на сред некоја река.

„Татко ми ме натера на тоа, немав избор, морав да го направам тоа за мое добро“, откри  Халанд 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чолаковски ја отвори гол-сметката, Перт ја прекина серијата порази со 4-0

Стефан Чолаковски погоди во убедливиот триумф над Аделаида Јунајтед, со кој Перт Глори сти…