Дома Фудбал Англија Халанд го избра омилениот гол во Премиер лигата 🎥

Халанд го избра омилениот гол во Премиер лигата 🎥

Eрлинг Халанд одигра фантастична сезона во која со Манчестер Сити ја освои Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот на „граѓаните“ постигна 36 голови и стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.

Сега норвешкиот напаѓач го избра неговиот омилен гол во сезоната. Станува збор за голот против Саутемптон во 68-та минута за водство од 0:3, тој натпревар Манчестер Сити го доби со убедливи 1:4.

„Ножичките против Саутемптон беа нешто посебно, зарем не?“, изјави Халанд кој во првата сезона за Сити постигна 52 гола во сите натпреварувања.

Манчестер Сити освен што ја освои Премиер лигата, ќе игра уште две финалиња во ФА Купот и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Не е само историскиот успех: Нокаут фазата за Босна донесе и многу пари!

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди дополнителни средства за Сојузо…