Дома Останати Фјури го нокаутираше Вајлдер за светска титула! (ВИДЕО)

Фјури го нокаутираше Вајлдер за светска титула! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури со технички нокаут во седмата рунда во Лас Вегас го победи Деонатај Валјдер и ја освои титулата светски шампион во ВБЦ категорија.

Фјури од самиот почеток влезе подобро во мечот, беше агресивен и констатно го напаѓаше Вајлдер. На стартот на втората рунда Вајлдер малку возврати, меѓутоа втората половина од оваа рунда повторно му припадна на Британецот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во третата рунда можеби се случи одлучувачкиот момент, Вајлдер се најде на пад после еден силен удар на Фјури. Вајлдер брзо стана, но од тој момент повеќе како да немаше контрола на борбата. Фјури доминираше.

Повторно на подот Вајлдер се најде во петтатата рунда. Вајлдер изгледаше само како да преживува во мечот и не изгледаше дека може да да направи некаков пресврт. Беше бавен и без одбрана, додека Фјури му задаваше удари.

Ја преживеа Вајлдер и шестата рунда, меѓутоа веќе имаше повеќе видливи повреди. Судијата во седмата рунда сосема оправдано го прекина мечот за победа на Тајсон Фјури.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…