Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ со информација за билетите за натпреварот Англија – Македонија

ФФМ со информација за билетите за натпреварот Англија – Македонија

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската А репрезентација и љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 19. јуни меѓу Англија – Македонија во Манчестер, дека платформата, односно линкот https://www.wembleystadium.com/events/2023/ticket-office/England-v-North-Macedonia—Away-Supporters за купување билети се затвора во четврток, 15. јуни.

Билетите се по цена од 30 и 40 британски фунти. Билети за лица со попреченост можат да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.

Важни напомени за посетителите на натпреварот:

  • Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете тука
  • Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.
  • Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Перо Антиќ пред враќање во НБА и тоа како помошник тренер?!

Првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ како што стојат работите сериозно размисл…