Дома Фудбал Фулам со емотивно видео се прости од Митровиќ: Не плачи затоа што заврши

Фулам со емотивно видео се прости од Митровиќ: Не плачи затоа што заврши

Екипата на Фулам се прости од својот најдобар фудбалер Александар Митровиќ.

Митровиќ по пет години поминати во Фулам го напушти Лондон, а си замина со одиграни 173 натпревари на кои постигна 97 гола.

Српскиот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Ал Хилал каде што ќе се приклучи на неговиот сонародник Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Нејмар, Кулбали, Рубен Невеше, Јасим Боно…

Фулам сега објави видео со кое се прости од Митровиќ, а во описот на видеото стои: Не плачи затоа што заврши, смеј се затоа што се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…