Дома Фудбал Фудбалерот на Баерн разочаран: Бев првотимец, а сега не сум ниту трет избор

Фудбалерот на Баерн разочаран: Бев првотимец, а сега не сум ниту трет избор

Баерн Минхен беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите од Манчестер Сити со резултат 4:1 и сега му преостанува борбата за титулата во Германија.

Атмосферата во соблекувалната на Баерн не е најдобра откако Садио Мане го удри Сане минатата недела, а сега јавно незадоволството го истакна Нусари Мазраи. Мазрауи не е задоволен од својот статус во клубот.

„Разочаран сум од сегашната ситуација. Бев првотимец пред Светското првенство, а сега сум во форма и не добивам минутажа. Не сум дури ниту втор или трет избор. Прерано е да се зборува за мојата преспектива тука, но ова не е добро“, изјави мароканскиот бек по поразот.

Мазрауи во Баерн пристигна по истекот на договорот со Ајакс минатото лето, а за Баерн собра 20 настапи и 1063 минути. Пред него шанса добиваат Павар, Кансело и хрватскиот репрезентативец Јосип Станшиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…