Дома Фудбал Репрезентации Фудбалерките го дознаа патот кој треба да го поминат за пласман на ЕП 2024

Фудбалерките го дознаа патот кој треба да го поминат за пласман на ЕП 2024

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со второто место на квалификацискиот турнир од „Б“ лигата обезбеди пласман во завршната рунда во квалификациите за пласман на следното Европско првенство кое ќе се одржи од 5 до 18 мај 2024 во Шведска.

Нашите фудбалски надежи ќе играат во групата „А7“ од „А“ лигата заедно со Полска, Данска и Шкотска.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Само првопласираните репрезентации од секоја група ќе се најдат на следното ЕП.

Група „А1“: Франција, Германија, Чешка, Словачка
Група „А2“: Финска, Португалија, Исланд, Косово
Група „А3“: Австрија, Унгарија, Белгија, Хрватска
Група „А4“: Шведска, Норвешка, Швајцарија, Велс
Група „А5“: Шпанија, Холандија, Украина, Турција
Група „А6“: Англија, Италија, Грција, Србија
Група „А7“: Полска, Данска, Шкотска, Македонија

Во групата „А4“ доколку Шведска (домаќинот на ЕП) го освои првото место, второпласираната од таа група ќе игра на континенталниот собир.

Потсетување дека македонската репрезентација предводена од селекторот Катерина Милеска на квалификацискиот турнир од „Б“ лигата оствари победи над Грузија (5:0) и Ерменија (4:0), а загуби од Косово (2:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Халанд се посрамоти: Од неколку метри промаши – празен гол! 🎥

Ерлинг Халанд во денешното градско дерби против Манчестер Јунајтед го имаше едно од најгол…