Дома Македонски спорт Мак фудбал Фреди Алварез го одигра последниот натпревар во Чаир!

Фреди Алварез го одигра последниот натпревар во Чаир!

Минатогодишниот македонски шампион Шкупи по денешниот натпревар во кој со 3:0 славеше против Македонија Ѓорче Петров се збогуваше со Костариканецот, Фреди Алварез.

Алварез го одигра 100-тиот натпревар за Шкупи и тој беше последен во Чаир. Костариканецот беше еден од најважните играчи на Шкупи кога овој тим минатата година стигна до титулата по 20 години.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Ти благодариме, вратата во Чаир секогаш ќе ти биде отворена“, објави клубот од Чаир.

Шкупи по минатогодишниот успех сезонава ја завршува без освоен трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…