Дома Фудбал Останато Француска легенда жестоко до Роналдо: Нека замолчи, во неговата глава цело време е Меси

Француска легенда жестоко до Роналдо: Нека замолчи, во неговата глава цело време е Меси

Кристијано Роналдо доби многу критики за неговата изјава дека лигата во Садиска Арабија е многу подобра од француската Лига 1, а сега остро му возврати поранешниот светски шампион Франк Лебеф.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светскиот шампион од 1998 година смета дека Роналдо таа изјава ја дал само поради Лионел Меси кој играше во Лига 1 пред да се пресели во Интер Мајами.

„Ме налути изјавата дека саудиската лига е подобра од Лига 1. Што мислите зошто даде таков коментар место пример да го спомене португалското првенство? Едноставно е, затоа што таму играше Лионел Меси. Како фудбалер го почитувам, меѓутоа подобро му е да замолчи, во неговата глава цело време е Меси“, изјави Лебеф.

Во својата кариера како фудбалер Французинот го носеше дресот на Стразбург, Челкзи, Марсеј, Ал-Сад, Ал-Вакра…Репрезентативец на Франција беше од 1995 до 2002 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…