Дома Топ вести Француската легенда открива: Меси во Париз правел што сака – не ги почитуваше правилата на клубот!

Француската легенда открива: Меси во Париз правел што сака – не ги почитуваше правилата на клубот!

Лионел Меси ја заврши својата епизода во Париз и тоа далеку понеуспешно отколку што се очекуваше. Влезе Аргентинецот и во конфликт со навивачите, па во последните натпревари кои ги играше за ПСЖ беше испраќан со вирежи.

Навивачите посебно му забележуваа по неговите настапи за Аргентина на Мундијалот каде што ја водеше репрезентацијата до трофејот, а во ПСЖ беше сосема поинаков играч. Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Жером Ротен сега зборуваше за односот на Меси на тренинзите кој ако бил таков Аргентинецот се однесувал непрофесионално.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меси не се прилагодуваше, бараше сите да се прилагодат на неговите услови. Сите се сеќавате на денот кога го напушти тренингот. За да спречи реакции ПСЖ објави дека станувало збор за повреда, но тоа не беше вистина. Меси си замина затоа што не му се допаѓаше како се работи. Едноставно не беше задоволен затоа што не е по негово, се сврте и си замина“, откри Ротен.

Според Ротен Меси барал и да не се тренира наутро.

„Сакаше тренинзите да бидат напладне, инсистираше на тоа. Не сакаше да тренира наутро и се жалеше на стручниот штаб. Сепак, за ова негово барање не го послушаа. Таквото барање е само еден од повеќето докази дека правеше што сака и не се прилагодуваше на правилата на клубот“, додал поранешниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…