Дома Трансфер зона Французите тврдат: Јувентус и Погба – операцијата започна!

Французите тврдат: Јувентус и Погба – операцијата започна!

Италијанскиот шампион Јувентус отворил преговори со Мино Раиола за можно враќање на Пол Погба во Торино.

Оваа вест ја пренесе францускиот „Ле10спорт“. Погба пред четири години од Јувентус премина во Манчестер Јунајтед за сума од 105 милиони евра и сега наводно „црвените ѓаволи“ очекуваат да ја добијат барем истата сума.

Јувентус пари може да добие од продажбата на Пјаниќ, а така и би се отворил простор за Французинот.

Погба се поврзуваше уште со ПСЖ и Реал Мадрид, меѓутоа во овој момент Французите тврдат дека Јувентус е фаворит поради добриот однос ос Мино Раиола. Како пример тие го наведуваат Матијас Де Лихт кој место во Барселона заврши во Торино минатото лето.

Освен тоа Погба и од кога замина никогаш не криеше дека Јувентус има посебно место во неговото срце, остана во контакт и со дел од играчите и се случуваше неколку пати да ги посети во Торино. Инаку, токму во Јувентус го играше најдобриот фудбал, на 178 натпревари постигна 34 гола и запиша 40 асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари го носи Вилијан во Јувентус

Веќе е извесно дека Вилијан на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи како слободен агент,…