Полскиот голман се враќа во Италија, од наредната сезона тој ќе биде втор голман во тимот на Јувентус.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Војчех Шчесни пристигна во Италија каде што треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со италијанскиот шампион.
„Топџиите“ како оштета за послкиот чувар на мрежата ќе добијат 12 милиони евра плус три како бонуси. Шчесни веќе во четврток ќе ја започне новата авантура и ќе биде дел од турнеата на италијанскиот клуб во САД.
Шчесни во Јувентус пристигнува како замена за Бразилецот, Нето кој кариерата ја продолжи во шпанската Примера, во екипата на Валенсија.
