Дома Фудбал (Фото) Погледнете каков подарок доби Лам од управата на Баерн на збогувањето

(Фото) Погледнете каков подарок доби Лам од управата на Баерн на збогувањето

Германскиот фудбалер, Филип Лам вчера го одигра последниот натпревар бидејќи одлучи да се пензионира на крајот од оваа сезона.

На преполната „Алијанц Арена“, Баерн вчера играше против Фрајбург, а овој натпревар беше многу емотивен за домашните навивачите. Иако Баварците ја славеа новата титула шампион на Германија, во центарот на вниманието беа Филип Лам и Чаби Алонсо, кој одлучија да ги закачат своите копачки на ѕидот.

Меѓутоа, она што им „падна на око“ на навивачите е поклонот кој лидерите на клубот му го подарија на Лам. Тие му поклонија сет за голф со негово име. Многумина сметаат дека овој поклон е бизарен, но открива навистина голем потек на лидерите од германскиот гигант.

„Лам е еден од најдобрите играчи на Баерн во последниве десет години. На теренот и надвор од него беше вистински капитен и пример за сите. Овој поклон треба да покаже дека спаѓа помеѓу вистинските легенди. Сакаме да му се заблагодариме на Лам за сето тоа што го даде за Баерн“, изјави Карл-Хајнц Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Хрватска паузира поради коленото, за Хофенхајм игра: Што се случува со Крамариќ?

Андреј Крамариќ одигра 70 минути против Шалке, иако ќе го пропушти репрезентативниот собир…