Грчката полиција уапси околу 100 лица по нередите во пресрет на одложениот натпревар меѓу Динамо и АЕК во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По ослободувањето на дел од нив, останаа 94, а денеска ќе бидат изведени пред обвинител, објави агенцијата АНА.
Сега се објавени и фотографии од навивачите кои пристигнуваат во судот, каде што ги превезува полицијата со автобуси.
Повеќето од нив се Хрвати, навивачи на Динамо. Newsit објави дека безбедносните мерки се исклучително строги.
Полициски автомобили ги следеа автобусите до крај. Кога стигнале пред судот, насобраните грчки жители ги навредувале извикувајќи „убијци“ и „фашисти“.