Дома Фудбал Репрезентации Фото: „Кикс“ на еден од најголемите англиски медиуми – не знаат кој е селектор на БиХ

Фото: „Кикс“ на еден од најголемите англиски медиуми – не знаат кој е селектор на БиХ

Во вторник со почеток од 20:00 часот во Франција пријателски натпревар ќе одиграат селекциите на Босна и Сенегал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа средба привлече и внимание од светските медиуми поради тоа што во двете селекции играат фудбалери кои настапуваат во големи клубови како: Џеко (Рома), Кулибали (Наполи), Мане (Ливерпул), Пјаниќ (Јувентус), Колашинац (Арсенал)….

Дел од фудбалерите настапуваат и во Премиер лигата па поради тоа најава за оваа средба се појави и на познатиот англиски медиум „The Sun“.

Реномираниот англиски медиуми изгледа не е баш добро запознаен со случувањата на Балканот, односно во репрезнетацијата на БиХ. Имено, во најавата стои дека утре во составот кој го води Мехмед Баждаревиќ се очекува да биде Един Џеко.

Новинарите на „The Sun“ изгледа не се информирани дека Мехмед Баждаревиќ заработи отказ на клупата на БиХ, а него го наследи Роберт Просинечки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Кин за промашениот пенал на Мбапе: Тој е светска класа, но ова е неправедно

РОЈ КИН (54), легендарниот ирски фудбалер и експертски коментатор, го критикуваше судењето…