Легендарниот Сер Алекс Фергусон за прв пат после преживеаниот мозочен удар се враќа на „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шкотланѓанецот ќе го следи дуелот на Манчестер Јунајтед против Вулверхемптон од 6-то коло од Премиер Лигата.
Легендарниот стратег беше уловен од фотографите како пристигнува на стадионот, а потоа и самиот клуб му посака добредојде преку социјалните мрежи.
Сер Алекс очигледно се опоравува добро, судејќи по неговиот добар изглед и насмевката.