Дома Фудбал ФОТО: Алегри спреми нова формација со која ќе го напаѓа Манчестер Јунајтед

ФОТО: Алегри спреми нова формација со која ќе го напаѓа Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Јувентус вечерва во рамките од третото коло од Лигата на шампионите ќе играат против Манчестер Јунајтед.

„Старата дама“ оваа сезона е еден од најголемите фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите, но кога на Манчестер Јунајтед му гостувате на „Олд Трафорд“ сигурно не можете лесно да очекувате да дојдете до трите бода.

Жозе Мурињо најави дека неговиот тим ќе оди на победи и потенцираше дека верува во својот тим. Од друга страна медиумите на Апенините пренесуваат дека Алегри ќе ја промени формацијата за вечерашниот натпревар и ќе настапи со 4-4-2.

Најистурени во нападот веројатно ќе бидат  Кристиано Роналдо и Паоло Дибала, Марио Манџукиќ поради повреда не е во комбинација за настап.

Во продолжение погледнете како би можел да изгледа тимот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…