Дома Фудбал Флик по елиминацијата зборуваше за можното заминување од Баерн

Флик по елиминацијата зборуваше за можното заминување од Баерн

Иднината на Ханси Флик на клупата на Баерн е под голем знак прашалник.

Долго се зборува за негово заминување од Баерн, а тоа беше тема и после елиминацијата на Баерн од ПСЖ.

Флик не сакаше премногу да зборува.

„Морате да почитувате кога ќе ви кажам дека не сакам да зборувам на оваа тема. Работите се јасни, имам договор со Баерн, а вие цело време прашувате за иднината. Секогаш размислувам за она што следи бидејќи успехот за мене е долготраен процес. Размислувам како работите ќе се развиваат, за новите предизвици и како да им пристапам. Имам секако свои идеи за се“, изјави Флик и на крајот додаде:

„Моето семејство секогаш е со мене без оглед на тоа каква одлука да се донесе, односно дали ќе бидам тука или не“, порача стратегот на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…